Македонија

Украдена елка и уништен адвент-календар на плоштадот „Македонија“

Засега нема официјални информации од Град Скопје или од полицијата дали случајот е пријавен и дали ќе се покрене истрага за утврдување на одговорноста за вандализмот и кражбата.

Само една недела по поставувањето и свеченото палење на новогодишната декорација на плоштадот „Македонија“ во Скопје (на 15 декември 2025 година), дел од украсите веќе се оштетени и украдени.

Од плоштадот е украдена една помала новогодишна елка, додека целосно е уништена макетата во форма на адвент-календар, која беше поставена како дел од празничното уредување на централното градско подрачје.

Засега нема официјални информации од Град Скопје или од полицијата дали случајот е пријавен и дали ќе се покрене истрага за утврдување на одговорноста за вандализмот и кражбата.

Новогодишната декорација на Скопје оваа година чинеше околу 53.000 евра и вклучуваше 13-метарска главна елка, 3Д фигури (мечиња и подароци), големи светлосни ѕвезди, „ѕвездено небо“ од лед-мразулци и други елементи.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top