Македонија

Пациентот во центарот на интердисциплинарниот тимски пристап

Во Деканатот на Медицински факултет – Скопје, за првпат во Македонија се одржа дводневен хибриден семинар на тема „Хемостаза во хирургија“, реализиран преку моделот „Пациентот во центарот на интердисциплинарниот тимски пристап“.

Во Деканатот на Медицински факултет – Скопје, за првпат во Македонија се одржа дводневен хибриден семинар на тема „Хемостаза во хирургија“, реализиран преку моделот „Пациентот во центарот на интердисциплинарниот тимски пристап“.

Пациент-центрираниот интердисциплинарен тимски пристап претставува современ модел на здравствена грижа во кој различни здравствени професионалци соработуваат за да обезбедат сеопфатна, координирана и индивидуализирана нега, при што пациентот е во центарот на сите одлуки.

Семинарот беше организиран во взаемна соработка помеѓу швајцарската меѓународна платформа VFPM – GIGANODE, која обединува над 200 академски контрибутори од целиот свет, Катедрата по анестезија при Медицинскиот факултет во Скопје.

На дводневниот симпозиум учество зедоа еминентни експерти од Швајцарија, Романија, Грција, Србија и од Македонија.

Досега, преку оваа програма – која веќе е реализирана во Грција, Италија, Хрватска, Австрија и Турција – се обучени 40 доктори од Македонија, а со новиот настан дополнително се едуцираа уште 30 наши доктори.

Заедничката цел на ваквите едукации е јасна:

– Градење и одржување глобална мрежа на научници и клиничари
– Примена на глобалното знаење во локални услови
– Претставување на локалните искуства во глобалниот контекст
– Развој на мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентите

 

Придобивките од ваквиот пристап се значајни:

– Подобри здравствени резултати
– Поголемо задоволство на пациентите
– Подобра координација и ефикасност
– Намалување на трошоци и хоспитализации

„Науката нема граници. Кога знаењето се споделува, тоа станува сила што ги обединува експертите и директно го унапредува квалитетот на грижата за пациентите. Верувам дека преку научна соработка и размена на искуства градиме систем во кој пациентот е во центарот на секоја одлука“, нагласува проф. д-р Марија Јовановска-Срцева, еден од организаторите на овој хибриден симпозиум.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top