Македонија

Пешевска: Опозицијата прави ефтин театар наместо да се грижи за жените-жртви на насилство, нивната заштита не смее да биде „алатка“ за дневна политика!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата за еднакви можности. Според неа, наместо суштинска расправа за заштита на жените од насилство, јавноста видела обид за ефтина политичка претстава.

Пешевска обвини дека опозициските пратенички се појавуваат само кога има камери, а често отсуствуваат кога се носат клучни одлуки.

Наместо придонес, добивме блокада. Наместо решенија, добивме театар. Барањата што се изнесоа на седницата не беа во функција на подобрување на стратегијата, туку во функција на личен ПР, изјави Пешевска на прес-конференција во Собранието.

Таа нагласи дека темата за заштита на жените не смее да биде „алатка“ за дневна политика и оти институциите им должат заштита на сите жени, на секој јазик.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top