Македонија

Пет ЕУ членки со иницијатива за построга контрола на идните земји членки

Нова идеја на земји членки на ЕУ со кои дополнително се комплицира и онака комлицираниот процес на проширување

Пет земји од ЕУ – Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург – предлагаат построги заштитни мерки за идните членки на ЕУ, вклучувајќи ги Украина и Молдавија.

Според информацијата која ја објавува директорот на молдавската новинска агенција ИПН со иницијативата треба да се обезбеди поблиска и подиректна контрола на процесите поврзани со евроинтеграциите во идните членки.

Ако биде профатена оваа идеја новите земји членки на почетокот на членството нема да можат да гласаат за одлуките на ЕУ за некои теми.

Иницијативата би овозможила поблизок мониторинг на демократските стандарди и би можела привремено да ги ограничи правата на глас во одредени области по пристапувањето.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top