Македонија

Пет пријави за семејно насилство во Тетово, гостиварско, Скопје и Гевгелија во последното деноноќие

Три лица лишени од слобода и две повикани на службен разговор за семејно насилство

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца, соопштуваат од МВР.

На 22.03.2026 во 16:45 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека во домот, по претходно меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот син П.С.(26) и нејзината снаа В.С.(21) од Тетово. Тие се повикани во СВР Тетово и со нив бил извршен службен разговор.

На 22.03.2026 во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 -годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди.

На 22.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг З.М.(51) упатувал закани кон неа и кон нејзините родители. Според пријавеното, тој подолг временски период и упатувал закани, а воедно оштетувал и дел од покуќнината.

Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top