Македонија

Петре Шилегов најави бунт во СДСМ: Поголема група социјалдемократи ќе бара оставка од раководството на СДСМ

Поранешниот функционер на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во емисијата „Тема на денот“ на Сител остро го критикуваше актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека СДСМ „кадровски се испразнил“ и дека е во длабока криза.

Поранешниот функционер на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во емисијата „Тема на денот“ на Сител остро го критикуваше актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека СДСМ „кадровски се испразнил“ и дека е во длабока криза.

„Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други да ја раководат партијата“, рече Шилегов.

Тој најави дека наскоро „поголема група социјалдемократи“ ќе побара оставка од сегашното раководство, при што процесот ќе биде воден од лица кои „политички израснале во СДСМ“ и кои, според него, се уште веруваат во основните вредности на партијата.

Шилегов оцени дека слабоста и безличноста на СДСМ ги туркаат критички настроените граѓани кон Левица, која во моментов се позиционира како главна опозициска алтернатива.

„Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ – безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап“, рече тој.

Неговите изјави доаѓаат во време кога СДСМ се соочува со сериозен пад на поддршка, внатрешни поделби и критики за неспособност да се консолидира опозицијата против актуелната власт. Шилегов, кој беше еден од видните лица на партијата во минатото, со ова отворено го предизвикува актуелниот лидерски тим и сигнализира можен организиран бунт од поранешни и сегашни членови.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top