Македонија

Петровска: Може да се предизвика заминување на Филипче но проблемот во СДСМ е многу подлабок

Индикативна изјава на високата функционерка на СДСМ

Екс министерката за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска даде интересна анализа за тоа што ќе се случува во СДСМ.

Според Петровска која беше прашана што ќе бидат идните чекори на Бихаќка и ја коментираше изјавата на лидерот дека нема да замине,  може да се предизвика заминување на Филипче но проблемот во СДСМ е многу подлабок.

Петровска ја критикува одлуката на СДСМ во ек на кампањата да се предлага резолуција за решение на спорот со Бугарија.

 

Таа лани беше противкандидат на Филипче при неговиот избор за лидер на СДСМ носев откажа од трката на ден пред гласањето.

 

Изјавата на Петровска на видеото од овој ЛИНК

 

https://www.facebook.com/share/v/1FQQvwjd6J/

Најнови вести од: Македонија

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top