Македонија

Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

Пратеник

Синдикатот одби 40 проценти зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата, и тоа граѓаните мора да го знаат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ви го пренесува во целост.

„Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Протест на ССМ со барања за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари

Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.

„Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top