Македонија

По 34-ти пат Меѓународен театарски фестивал што го носи името на славниот актер

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица

Името на фестивалот го носи еден од најголемите македонски актери, Ристо Шишков, чие наследство е мерило за актерското мајсторство. Токму затоа, фестивалот е место каде што секоја улога, секој збор и секоја емоција се претвораат во борба за престижната награда „Ристо Шишков“.

Годинава фестивалот повторно ќе ја собере актерската елита, но и публиката која со години ја следи оваа значајна културна манифестација.

Струмица во наредните денови повторно ќе живее во знакот на театарот. Со претставата „Уна“, во која настапува Никола Ристановски, се отвора 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар.

Повеќекратно наградуваната претстава на „Звездара театар“ од Белград се изведува од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“, со што и официјално започнува шестдневната фестивалска приказна.

До 13 септември, Струмица ќе биде домаќин на театарски уметници и претстави од земјава и регионот, во фестивал кој традиционално во центарот ја поставува – актерската игра.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

„Денес, 34 изданија подоцна, Фестивалот „Ристо Шишков“ е една од препознатливите точки на културната мапа на Струмица и на Македонија. Но, она што го прави овој фестивал посебен и негова најголема вредност е тоа што во центарот го става актерот. Овој фестивал е посветен на актерското остварување. На талентот, дисциплината, подготовката и храброста на актерот да излезе пред публиката и секоја вечер одново да создаде свет на сцената. И токму така се објаснува неговиот континуитет од 34 изданија, рече Јанков кому директорот на Фестивалот Ванчо Ристов Патриков му додели медалјанот со ликот на Шишков.
Медалјони добија и Јоана Шишкова, ќерката на Ристо Шишков и претседателот на Словетот на Струмица, Никола Маџунков.

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се актери од 10 претстави од земјава, Бугарија и Србија.

Вечерва на фестивалската програма се две претстави: „Бог на колежот“ на МНТ Скопје во режија на Весна Петрушевска и „Годо“ на Велешкиот театар по мотивите на „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во реѓија на Ѓорѓи Ризевски.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top