Македонија

По 62 години внуците на местото каде дедовците ја земале пепелта на убиените македонски Евреи (ВИДЕО)

Преживеале за да ја преземат пепелта на своите убиени предци

Во ,,главни” улоги во приказната на неделата се Горан Садикаријо и Рашела Мизрахи кои на 10 Март заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа во нацистичкиот центар за убивање Треблинка, во окупирана Полска.

Приказната за Мизрахи и Садикаријо е поврзана со трагичната историја на македонските Евреи во Холокаустот преку нивните дедовци чија слика заедно ја објавија во Треблинка.

Рашела Мизрахи и Горан Садикаријо по точно 62 години се најдоа на истото место каде нивните дедовци ја презеле пепелта од македонски Евреи, убиени по депортацијата во логорот на смртта Треблинка во март 1943 година.

На преземањето на пепелта на македонските Евреи во Треблинка во далечната 1964 година покрај Хаим Садикаријо и Самуел Мизрахи бил и Бенјамин Самоковлија.

Во текот на Втората светска војна, под бугарска окупација на Македонија (по договорот со нацистичка Германија), на 11 март 1943 година биле депортирани 7.144 македонски Евреи (претежно од Скопје, Битола и Штип) во логорот Треблинка во окупирана Полска.

Таму сите биле убиени веднаш по пристигнувањето.

Во Треблинка за 13 месеци се убиени преку 900.00 Евреи, а преживеале само 67. Ниту еден Евреин од Македонија не преживеал.

Горан Садикаријо (директор на Меморијалниот центар за Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје) и Рашела Мизрахи (пратеничка, поранешна министерка за труд и социјала) имаат лична семејна врска со таа трагедија преку своите дедовци.

Дедото на Горан Садикаријо е Хаим Садикаријо кој отишол во партизани а откако бил заробен по логорот Бањица во Белград го преживеал и озлогласениот нацистички концентрационен камп Матхаузен.

Самуел и Хаим се носители на партизанска споменица 1941.

Речиси сите други од семејствата биле депортирани и убиени во Треблинка.

Дедото на Рашела Мизрахи е Самуел Мизрахи кој преживеал бидејќи се приклучил на партизанското движење (НОБ) и така избегнал депортација.

Рашела Мизрахи повеќепати во Собранието и јавно покажувала семејни фотографии од роднини (вклучувајќи тетки, браќа итн.) кои биле натоварени во возовите од „Монопол“ во Скопје и однесени во Треблинка, каде загинале сите од нејзиното потесно семејство кое броело 84 луѓе. Преживеал само нејзиниот дедо.

Оваа приказна е личен и колективен пример за огромните загуби на македонската еврејска заедница (над 98% убиени), но и за преживеаните кои продолжиле да ја чуваат меморијата.

Мизрахи и Садикаријо активно работат на зачувување на сеќавањето за Холокаустот во Македонија.

Тоа е една од најболните, но и најважни приказни од македонската историја — не само бројки, туку како конкретни жртви, семејства и судбини.

Видеото и фотографиите се на членови на Еврејската заедница на Македонија

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top