Македонија

По престрелка со полиција убиен полицаец и фатен албански криминалец кој се криел со години во близина на Корча

Како криминалецот успеал да убие еден и да рани друг полицаец во планинската област

Во објава на социјалната мрежа Х поранешен Твитер албанскиот премиер Еди Рама информира дека по престрелка со полиција е убиен полицаец и фатен албански криминалец кој се криел со години во близина на Корча.

,,За време на храбра операција за апсење на баран човек, кој со години се криел од законот во планините на Корча и постојано успевал да избега од опсадите на силите за спроведување на законот, еден полицаец го загубил животот, а втор бил повреден, додека откако отворил оган врз нив, криминалецот исто така бил повреден и заробен”, објави Рама кој упати порака за вечна слава на ,,маченикот на татковината, сочувство до семејството и брзо закрепнување на другиот полицаец”.

Рама во објавата побара максимална казна за бараниот човек и максимално почитување кон државната полиција, која ,,никогаш нема да застане во својата мисија”.

Најчитани вести

Откако рече дека Македонците и Бугарите биле ист народ а Делчев имал бугарско национално чувство, професорот со нова навредлива изјава за Македонците

За Малески македонскиот народ е прост а умните се изолирани

Најнови вести од: Македонија

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

To top