Македонија

По смртта на таткото, Минова Златеска е носител на советничка листа

Со предлогот на Лимба Минова Златевска, учесниците во изборниот процес го почитуваа рокот за поднесување на кандидати, кој истече вчера на полноќ

По смртта на независниот носител на листата за Кавадарци, Панчо Минов, нов носител на независната листа за советници ќе биде неговата ќерка, Лимба Минова Златевска.

Со предлогот на Минова Златевска, учесниците во изборниот процес го почитуваа рокот за поднесување на кандидати.

Официјалниот календар за локалните избори во 2025 година вели:

„Доколку некој од кандидатите на одобрената листа за член на општинскиот или градскиот совет на Градот Скопјe почине од денот на одобрувањето на листите, политичката партија или коалицијата што го предложила може да предложи друг кандидат на негово место. Доколку кандидатот бил предложен од група гласачи, тие можат да предложат друг кандидат без ново собирање потписи, најдоцна до 8 октомври, 24:00 часот“.

Панчо Минов, поранешен пратеник и поранешен градоначалник на Општина Кавадарци почина вчера.

Тој беше носител на независна листа за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, додека вториот круг е закажан за 2 ноември.

Починатиот Панчо Минов, бил носител на независна листа за локалните во Кавадарци

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top