Македонија

Почина 72-годишен скопјанец заразен од вирусот

Тој бил хоспитализиран пред 15 дена на Инфективната клиника, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика

Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне, и ова е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72 – годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.

За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.

Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика, и покрај сите преземени  интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смртта.

Во изјава за медиумите, Цана информираше дека до денеска, на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од клиниката.

„Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациенти“ соопшти директорот.

Во моментов, најмладиот пациент на клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.

Во Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти. Сите се повозрасни.

Најнови вести од: Македонија

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи за виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. Како што се наведува во пресудата, Стојановска на 24 јули околу 15 часот, во Улцињ, на булеварот Теута во населбата […]

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех на само 12 години постигна Македон, кој е примен во престижната Програма, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Најнови вести

To top