Македонија

Напредува во Брисел предлогот на Мерц за забрзана интеграција и на Западниот Балкан во ЕУ! Отвора ли ова можен „поширок прозорец на можности“ за Македонија?!

Eвропската комисијата денеска потврди дека го примила писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кое предлага забрзана интеграција на Западен Балкан и Молдавија, како и придружно членство за Украина.

– Тоа покажува дека постои силна посветеност на земјите-членки проширувањето да стане реалност, што е можно поскоро. Многу е јасно дека проширувањето сега е геостратешка инвестиција во нашиот просперитет, мир и безбедност, наведе портпаролот на ЕК, Гијом Мерсие.

Тој додаде дека членството на Украина во ЕУ е суштински поврзано со безбедноста на Унијата, но оти „подеднакво е важно да се заврши процесот на проширување на ЕУ со сите земји-кандидатки кои работат кон пристапување со години“, при што „сите иновативни решенија треба да бидат водени и од процес заснован на заслуги“.

Но, Мерсие не одговори дали идејата за придружно членство во ЕУ е правно можно без измени на договорите и едногласно одобрување од земјите-членки. – Сè уште не сме во фаза на правна дискусија, туку политичка дискусија што треба да се одржи во рамките на Европскиот совет. Проширувањето е дискусија водена од земјите-членки. Комисијата е таму за да го олесни процесот и да обезбеди експертиза, но прво ни е потребна политичка дискусија, истакна Мерсие.

Најнови вести од: Македонија

Велјановски: Продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, која станува попривлечна дестинација за долгорочни, стратегиски и технолошки напредни вложувања!

„Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево се новите инвестиции за посилна македонска економија. Покрај компаниите, кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции. Напоредно Владата води преговори со нови компании, кои имаат интерес да инвестираат во Македонија, истакна на денешната прес конференција Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Клековски: В четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај за Гостивар, ништо нема да биде премолчено

Одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август нагласувајќи дека целта е од оваа епидемија да се излезе отворено и јасно со научени лекции.

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Најнови вести

To top