Македонија

Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција – Мицкоски: Стануваме енергетска крстосница во регионот

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека со ова се поставува почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. „Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската […]

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека со ова се поставува почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас.

„Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, стануваме значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака- конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.

Мицкоски информира дека со овој проект ќе бидат изградени 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top