Македонија

Под мотото „Сон на платно“ отворено 46-тото издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Со проекција на филмот „Мајка“, режиран од Теона Стругар Митевска, беше свечено отворено 46-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Со проекција на филмот „Мајка“, режиран од Теона Стругар Митевска, беше свечено отворено 46-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Овогодишното мото на фестивалот, „Сон на платно“, ја отсликува суштината на уметничките вредности што ги чествуваме, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова во својата видео-порака.

Овој фестивал несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски, но и светски културни симболи. Тој е уникатна сцена на која се слави снимателот како автор, креатор, тивок, но моќен градител на секоја филмска приказна. Снимателот е сестран уметник, тој ја визуелизира идејата, со камерата компонира, црта емоција, диктира ритам и креира атмосфера. Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ не е само прослава на мајсторството на кинематограферите, туку поттик за оние што ќе се одважат допрва да го освојат филмскиот врв преку објективот,“ порача Силјановска-Давкова.

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) годинава воведе ново фестивалско признание, Златен медал „Браќа Манаки“, кое му беше доделено на филмскиот критичар Благоја Куновски Доре.

Особено ме исполнува тоа да сум дел од таа организација на филмаџиите и што сум дел од овој наш фестивал кој е еден од ретките, можеби единствен амбасадор на македонската култура. Филмовите и нивните автори сум ги доживувал како мисионери во поставувањето на еден подобар, поубав, похуман и подостоинствен свет во кој живееме,“ изјави Куновски.

Наградата Златна „Камера 300“ за исклучителен придонес во светската филмска уметност му беше врачена на турскиот режисер Сами Капланоглу.

За мене филмот одсекогаш бил јазикот на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и сништата, затоа што уметноста е дел од најдлабоките патишта што придонесуваат кон духовниот развој на човечкото суштество,“ рече Капланоглу.

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе заврши на 26 септември со прикажување на филмот „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски.

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

To top