Македонија

Подгответе чадори, попладне „ќе истури“

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во Скопје, денес попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Во сабота и во понеделник повторно се очекува нестабилно време.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота на 6 јуни и во понеделник на 8 јуни повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top