Македонија

Поевтин дизел и бензини на пумпите на „Макпетрол“

Горивата ќе чинат два денари помалку од цените кои ги одреди РКЕ

Компанијата„Макпетрол“, соопшти дека донела одлука од полноќ да продава горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои попладнево ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на компанијата, бензинот Еуросупер од 95 откани ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека бензинот од 98 откани ќе чини 86,5 денари.

Литар дизел на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се продава по цена од 93,5 денари за литар која исто така е за два денари по литар пониска од онаа која ја одреди РКЕ – 95,5 денари, објави Слободен печат

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top