Македонија Бизнис

Покрај младите, борбата за егзистенција ги тера цели семејства да го напуштат родното огниште

Борбата за егзистенција во последно време ги принудува не само младите, туку и цели семејства да го напуштат родното место и да се преселат во странство. Во нашата земја живеат сиромашно над 33.000 семејства. Па така, цели семејства се соочуваат со сериозни предизвици – од трендот на иселување до социјалните и економските проблеми што директно […]

Борбата за егзистенција во последно време ги принудува не само младите, туку и цели семејства да го напуштат родното место и да се преселат во странство. Во нашата земја живеат сиромашно над 33.000 семејства. Па така, цели семејства се соочуваат со сериозни предизвици – од трендот на иселување до социјалните и економските проблеми што директно влијаат на стабилноста на семејството, пренесе Алсат. Иселувањето во странство сè уште продолжува, а младите сè почесто велат дека својата иднина ја гледаат надвор од државата, често оставајќи ги родителите сами. Според социологот Мурат Алиу, за да се подобри состојбата, неопходни се структурни и сеопфатни реформи.

  • Миграцијата во последните десет години, според анализите, не се должи само на економски причини, туку и на животниот стандард и квалитетот на државните услуги. Станува збор за еден вид миграција што е резултат и на лош квалитет на животот, недостаток на квалитетно образование, здравство, немање правна држава итн. Со други зборови, потребни се структурни и сеопфатни реформи за да се запре одливот на мозоци од земјата“, рече Мурат Алиу – Социолог .

Додека трендот на иселување на младите продолжува, бројот на новороденчиња опаѓа од година во година. Според Државниот завод за статистика, наталитетот во земјава е еден од најниските во регионот. Во 2023 година, имало само 8,9 раѓања на 1000 жители.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top