Македонија

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми и во патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Густата магла во скопската котлина и постојано предизвикува откажувања и доцнења на летовите од Меѓународен аеродром Скопје, додека намалена видливост е регистрирана и на дел од патните правци низ државата.

Според информациите од веб-страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул, Цирих и Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус на задоцнето полетување и слетување. Претходно од аеродромскиот оператор соопштија дека поради маглата, во периодот од полноќ до 12 часот напладне денеска биле откажани 20 летови, еден лет бил пренасочен, а во 11 часот успешно слетале авионите од Дортмунд и Виена.

Вчера, во периодот од 00:00 до 18 часот, биле евидентирани 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека по подобрувањето на временските услови во попладневните часови слетале и полетале по три авиони.

Од Авто-мото сојуз на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец Жировница – Луково, а до 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија. Од АМСМ потсетуваат дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top