Македонија

Полицијата привeде штипјанец кој возел со 143 километри на час на експресниот пат Лозово-Велес

Во близина на крстосница за село Мамутчево

Во близина на крстосница за село Мамутчево, на експресниот пат Лозово – Велес, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45- годишниот  М.Ј. од Штип додека управувал моторно возило марка „бентли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Таа појасни дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ј управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.

М.Ј бил  приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило,најавија од СВР Велес.

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top