Македонија

„Политико“: Европскиот топ-дипломат Каја Калас ја нарекува претседателката на ЕК Урсула Лаен „диктатор“!

„Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, приватно ја нарекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ‘диктатор’, признавајќи дека ‘нема вистинска моќ да влијае врз неа’.“ – објави бриселскиот аналитички портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Петте најтешки работни места во Брисел“. Изворите на „Политико“ посочуваат на „тековните несогласувања и промени на моќта во највисоките ешалони на ЕУ“.

Во анализата натаму „Политико“ пишува: За некои политичари, Брисел е местото каде што ве праќаат кога сте проблематични или повеќе не ви се потребни дома. За други, постои можност да добиете престижна позиција што оди подалеку од рангот или искуството. Европската служба за надворешни работи, дипломатското тело на блокот, е создадена во 2010 година, а работата на Каја Калас, шефица за надворешна политика на ЕУ, највисокиот дипломат што ја води таа служба, отсекогаш била тешка, бидејќи земјите-членки, особено големите, сакаат да ја држат надворешната политика во свои раце.

Односите меѓу шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лаен со поранешниот носител на функцијата, Жозеп Борел, биле многу лоши, според тврдења на официјални лица. Уште полошо е со Калас, која е и потпретседателка на Европската комисија.

Во обид да ѝ возврати на Лаен, Калас се обиде да назначи моќен заменик-генерален секретар во ликот на Мартин Селмаир, поранешниот шеф на кабинетот на Јункер, но потегот беше блокиран од канцеларијата на фон дер Лајен. Инаку, Каја Калас „приватно се жали дека таа [Урсула фон дер Лајен] е „диктатор“, но дополнувајќи дека „ малку, или ништо не може да направи во врска со тоа“, рече еден висок функционер. Калас, исто така, доаѓа од малата Естонија, а нејзината партија, либералите, е мала, што ја прави нејзината позиција уште послаба од позицијата на Борел (социјалист од Шпанија).


Канцеларијата на Калас не одговори на барањето за коментар. – објави „Политико“.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top