Македонија

Политикологот Башким Бакиу е сега кандидат на коалицијата Вреди за градоначалник на Скопје, а во 2017 бил кандидат на Беса за претседател на општина Сарај

Во моментов Башким Бакиу ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe

„Албанската коалиција Вреди го избра Башким Бакиу како свој кандидат за градоначалник на Градот Скопјe на локалните избори годинава. Кандидатурата на Бакиу е договорена меѓу коалициските партии и се очекува да биде официјализирана во наредните денови.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во веста агенцијата дополнува: Во моментов Башким Бакиу ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe.

Инаку, Бакиу (44) на својот фејсбук-профил наведува дека завршил додипломски студии по политички науки на Универзитетот „Св. Кирл и Методиј“ на насоката за политички науки, а магистерски студии на универзитетите Тренто, во Италија, Корвиниус во Будимпешта, Унгарија, и Универзитетот во Љубљана, Словенија, на тема „Споредбен локален развој“. Бакиу го наведува и своето искуство на полето на децентрализацијата. Ова е дел од неговата професионална биографија, која ја истакнал на општествената мрежа уште во 2017 година, кога бил кандидат на партијата Беса за претседател на општина Сарај.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top