Македонија

Полицајци го спасија Љ.Ѓ.(80) од Македонска Каменица – бил заглавен на терасата, откако му се запалила куќата!

Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).

Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат. По преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.

Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top