Од Обвинителството соопштуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР.
-Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази, поради сомненија за кривично дело „фалсификување исправа“ согласно со Кривичниот законик, појаснуваат од Обвинителството.