Македонија

Половина од становите во земјава се купуваат во готово (ВИДЕО)

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, отвори сериозни прашања за потеклото на тие средства, ризиците од перење пари и растот на сивата економија.

„Пред пандемијата 2019 година соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово.

Сега, според информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50, вели гувернерот Трајко Славевски во интервјуто за „Трилинг“

„Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди“.

Славевски вели дека е општо е познато дека еден добар дел од млада популација, особено оние во лукративни дејности од ИТ технологиите кои работат за странски нарачатели ги добиваат приливите на сметки кои се во странство па од таму подигаат готовина која ја внесуваат во Македонија.

„За други извори на средства останува други надлежни органи тоа да го утврдат,“изјави  Славески.

Според него, фрапантен податок е дека половина од становите се купуваат во готово, од каде доаѓа таа готовина, има ли контрола на потеклото на парите и дали е ова најпогодниот извор на криминал и пералница на пари и раст на сивата економија.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top