Бизнис

Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис-сектор

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата  на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада. 

Во Сојузот на стопански комори на Македонија се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на Македониja, Бранко Азески, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, информира Сојузот на стопански комори.

Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој  во одредени економски гранки бележи стагнација.

Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис секор се човечките ресурси,сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата  на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската Влада.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top