Македонија

Помалку од половина од граѓаните на ЕУ се за влез на Македонија

Според последната анкета на Евробарометар, македонското членство во Унијата го поддржуваат 48 отсто од испитаниците

Членството на Македонија во Европската унија го поддржуваат помалку од половината или 48 проценти анкетирани во последното истражување на јавното мислење на Евробарометар.

Според статистичката агенција на Унијата, толкава поддршка за влез во ЕУ имаат и Босна и Херцеговина, и Молдавија.

Најголема поддршка, малку над половина од учесниците во анкетата, има за влезот на Украина, а по неа е Црна Гора со 51 отсто.

За разлика од нив, Турција не е претпочитан кандидат за членство во ниту една од земјите-членки на ЕУ – само две петтини од анкетираниоте би го поддржале нејзиното присоединување дури и ако ги исполни критериумите.

Повеќе од половина од учесниците во анкетата се за проширување на Унијата, но само еден од десетмина се категорично „за“.

Во 23 земји-членки најмалку 50 проценти од испитаниците се за понатамошно проширување, а најголема поддршка има во Шведска (79 отсто), Данска (75 отсто) и Литванија (74 отсто).

Македонија, Украина, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Грузија, Албанија, Косово и Турција се десетте земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top