Македонија

Попладнево премиерот Мицкоски ќе го прими Антонио Кошта

Мојата турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјави Кошта пред посетата на Западе Балкан

 

Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски попладнев ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5 јуни.

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати – изјави Кошта пред посетата на регионот.

Во Скопје тој ќе допатува од Тирана, каде ќе се сретне со тамошните лидери, а посетата ја започна вчера од Сараево.

Утре Кошта ќе се упати кон Приштина, додека в четврток тој ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

На 5 јуни Кошта ќе биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top