Македонија

Посебен сообраќаен режим во делови од Скопје

Од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот

 

Денеска, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“. За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“ – посочуваат од Министерството за внатрешни работи информира декае поради верскиот празник Задушница, о

Од МВР соопштуваат дека посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров.

Посочуваат дека доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top