Македонија

Поскапеа авто-школите

Авто-школите објаснуваат дека покачувањето е последица на повисоките цени на горивото, одржувањето на возилата и техничката опрема, како и на новите, построги прописи што ги воведе Министерството за транспорт и врски.

Од ноември 2025 година полагањето за возачка дозвола од Б категорија во Македонија драстично поскапе – од просечни 24.000 денари на околу 34.000 денари, што претставува зголемување од речиси 10.000 денари. На тоа се додава и нов трошок од 250 денари по час за изнајмување на полигон.

Авто-школите објаснуваат дека покачувањето е последица на повисоките цени на горивото, одржувањето на возилата и техничката опрема, како и на новите, построги прописи што ги воведе Министерството за транспорт и врски. „Не можеме да работиме со цени од пред десет години кога сè поскапе“, коментираат од повеќе авто-школи во Скопје, но признаваат дека многу млади сега ќе размислуваат двапати пред да се запишат, бидејќи сумата стана превисока за просечното семејство.

Економските аналитичари предупредуваат дека ова може да доведе до одложување или целосно откажување од возачка дозвола, особено кај младите, што индиректно ќе влијае и на пазарот на труд – во многу сектори возењето е задолжителен услов за вработување. „Десет илјади денари повеќе не е мала сума за некој што штотуку завршил средно училиште“, велат аналитичарите и додаваат дека станува збор за уште еден начин на кој инфлацијата и оперативните трошоци се префрлаат директно на граѓаните.

Од Министерството неофицијално објаснуваат дека новите правила се воведени за да се подигне квалитетот на обуката и да се усогласат со европските стандарди, но на терен тоа не ги утешува кандидатите.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top