Македонија

Последниве 24 часа изгаснати 17 пожари, еден е лимитиран, три не се под контрола

Во Велес, Македонски Брод и Василево се води борба за гаснење на пожарите

 

 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во Македонина во последните 24 часа имало вкупно 21 пожар, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а 17 се изгаснати.

 

 

Активни пожари утрово има во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, кадешто гори мешана шума, во општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа кадешто гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и во општина Василево, село Нивичино кадешто е запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација.

 

Под контрола е пожарот во општина Дојран, односно селото Николич.

 

ЦУК информира дека се изгаснати 17 пожари.

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top