Македонија

Потерница против 18-годишниот возач и татко му: ја усмртил жената во Скопје и двајцата избегале надвор од државата

По интензивна потрага полицијата преку системот „Безбеден град“, користејќи и снимки од околните објекти и сведоштва, утврдила дека возилото е сопственост на таткото на осомничениот. Автомобилот бил пронајден пред нивниот дом, каде што бил затекнат постар член на семејството, кој бил приведен на разговор.

Четири лица се осомничени за вмешаност во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на улицата Народен фронт во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена, а возачот што ја усмрти избега од местото на трагедијата. Несреќата се случила околу 11:30 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од 18-годишен скопјанец, удрило во повозрасната жена, која починала од здобиените повреди. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот го напуштил местото на настанот.

Истражувањето покажало дека младиот возач и неговиот татко, со помош на уште две лица, ја напуштиле државата истиот ден по несреќата. Двајцата помагачи се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава поради помагање во бегство по извршено кривично дело. Против 18-годишниот возач е поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. За него и за неговиот татко е распишана потерница, а полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

Во меѓувреме, пронајдени се и одземени двете возила – „фолксвагенот“ со кој е усмртена жената и „мерцедесот“ со кој осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известено Основното јавно обвинителство, кое ја продолжува постапката.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top