Македонија

Потерница против 18-годишниот возач и татко му: ја усмртил жената во Скопје и двајцата избегале надвор од државата

По интензивна потрага полицијата преку системот „Безбеден град“, користејќи и снимки од околните објекти и сведоштва, утврдила дека возилото е сопственост на таткото на осомничениот. Автомобилот бил пронајден пред нивниот дом, каде што бил затекнат постар член на семејството, кој бил приведен на разговор.

Четири лица се осомничени за вмешаност во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на улицата Народен фронт во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена, а возачот што ја усмрти избега од местото на трагедијата. Несреќата се случила околу 11:30 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од 18-годишен скопјанец, удрило во повозрасната жена, која починала од здобиените повреди. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот го напуштил местото на настанот.

Истражувањето покажало дека младиот возач и неговиот татко, со помош на уште две лица, ја напуштиле државата истиот ден по несреќата. Двајцата помагачи се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава поради помагање во бегство по извршено кривично дело. Против 18-годишниот возач е поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице. За него и за неговиот татко е распишана потерница, а полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.

Во меѓувреме, пронајдени се и одземени двете возила – „фолксвагенот“ со кој е усмртена жената и „мерцедесот“ со кој осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известено Основното јавно обвинителство, кое ја продолжува постапката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

To top