Македонија

Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата

„Кристално ѕвоно“ за Реплек

„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на берзата, како и високите стандарди на отчетност и транспарентност кон инвеститорите, регулаторот и јавноста.

Признанието за најтранспарентна компанија кое го освои „Реплек“ се доделува од комисија составена од искусни економски новинари кои континуирано ги следат компаниите котирани на берзата и професионално известуваат за пазарот на капитал, акциите, како и за берзанските трансакции. Токму тие се сведоци дека „Реплек“ активно информира за сите новини, без разлика дали станува збор за оперативното работење или за промени во акционерската структура на компанијата. Во име на „Реплек“ наградата ја прими Офелија Петковиќ, директорка на секторот за финансии на компанијата, на свечениот настан организиран од Берзата.

„Ова признание за најтранспарентна компанија има посебно значење за нас, бидејќи доаѓа во годината кога го одбележуваме јубилејот – 80 години ‚Реплек’. Дополнителна тежина му дава фактот што е доделено од искусни новинари кои го препознаа нашиот напор за транспарентно работење и чие расудување е гаранција за кредибилитетот на наградата. Транспарентното работење ние во ‚Реплек’ не го сметаме само како обврска, туку како стратешка определба. Токму преку отворена комуникација, отчетност и доследност во работењето, ја зајакнуваме довербата кај инвеститорите, партнерите и пошироката јавност, вредности кои ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина. Ова значајно признание ќе нѐ поттикне уште повеќе да останеме доследни на одговорното и отворено работење“, изјави Петковиќ.

Наградите на Македонската берза вклучуваат повеќе категории за најпрепознатливите и најактивни учесници на пазарот на хартии од вредност. Во номинација за наградите учествуваат 10 можни добитници, a процесот на избор е целосно транспарентен и се темели на комбинација од мислењето на јавноста и јасно мерливи пазарни податоци, како што се остварениот промет, бројот на трансакции, порастот на цената на акциите и слични критериуми.

Акцијата на „Реплек АД Скопје“ е една од најтргуваните хартии од вредност на Македонската берза. Веќе една година акциите на компанијата се дел од елитниот клуб на Македонскиот берзански индекс МБИ10, што e уште една потврда за стабилноста и довербата што пазарот ја има во компанијата, а што дава додатна мотивација за натамошно унапредување на транспарентноста. Дополнителен доказ дека „Реплек“ континуирано ја засилува отчетноста е фактот што компанијата пред извесен период направи сплит на акциите во однос еден спрема 10, со што акциите станаа подостапни за поголем број на акционери, а компанијата демонстрираше уште поголема отвореност кон инвеститорската заедница.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top