Македонија

„Поуки“ и закани на Робели од Тирана: Сопственици на Македонија се и Албанците! Албанија и Косово да ѝ го сменат курсот на владата, за да не се лизне РМ во кризи!

„Сегашната македонска влада се обидува да го поткопа она што е постигнато во последниот четврт век во однос на унапредувањето на албанскиот јазик. Поради тоа Македонија може да се лизне во подлабоки кризи. Нејзината влада веројатно може да го промени погрешниот тек, по кој се движи, само со обединета реакција на Албанците и со поддршка на Приштина и Тирана. Сопственици на македонската држава се и Албанците и тие така треба да се однесуваат!“ – наведува од Тирана, од Албанија новинарот и публицист Енвер Робели во својата колумна со забележлива интонација на закани, во која тој отворено ги повикува Албанија и Косово да интервенираат во внатрешните работи на суверена Република Македонија и „да ѝ го сменат погрешниот курс на македонската влада“, „за да не се лизнела земјата во уште подлабоки кризи“!

Натаму, во писанието со наслов „За албанскиот јазик во Македонија, сеништата од минатото и еден друг, уште подраматичен проблем“, кое го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, покрај другото, колумнистот наведува: „Во денешна Европа е сосема незамисливо студентите да учат четири години на својот јазик – а потоа, за завршниот (правoсуден) испит, да им се каже од министерот за правда дека сега мора да го полагаат овој испит на друг јазик. Во овој случај, на македонски јазик. Албанските студенти се борат против оваа неправда две години, без соодветна политичка поддршка. Сегашната македонска влада се обидува да го поткопа она што е постигнато во последниот четврт век во однос на унапредувањето на албанскиот јазик.“

 

Ако е крајната цел на оваа македонска влада да го поткопа Охридскиот договор, тогаш оваа земја би можела да се лизне во подлабоки кризи. Во наредните недели се очекува Уставниот суд на Македонија да донесе одлука во врска со некои делови од законот за јазиците. Македонскиот премиер и ВМРО ДПМНЕ не се свесни дека само Албанци не го негираат македонскиот идентитет. Бугарите имаат проблем со македонскиот јазик, нарекувајќи го бугарски дијалект. Има Срби кои ја гледаат Македонија само како продолжение на Србија, српска покраина до Охрид. Но нема сериозен албански политичар, кој го негира националниот идентитет на Македонците.“

„Владата во Македонија веројатно може да го промени погрешниот тек, по кој се движи, само со обединета реакција на Албанците и со поддршка на Приштина и Тирана. Обединетиот одговор не треба да значи фолклорни пароли. Албанците се и треба да се однесуваат како сосопственици на македонскиот државен систем. Македонија се приклучи на НАТО, особено со поддршка на Албанците. Дури и овие неколку напредоци што ги направи кон ЕУ се исто така заслуга на Албанците.“ – пишува Енвер Робели во оваа колумна.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top