Македонија

Повеќе пари за земјоделците, за учениците и студентите, за здравствената заштита, спортот

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година и најави дека ќе се обезбедат дополнителни средства за земјоделците и дека ќе се отворат два згрижувачки центри за жртви на семејно и на родово насилство.

Со ребалансот се предвидени и повеќе средства за учениците и за студентите, за здравствената заштита, како и за спортот.

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување.

Според министерството, дел од средствата ќе бидат наменети за воспоставување национална СОС-линија за помош на жртвите на семејно и родово насилство.

Со ребалансот вкупните приходи во Буџетот се планирани на 379,5 милијарди денари, а расходите на 425,8 милијарди денари. Со тоа, буџетскиот дефицит ќе изнесува 46,3 милијарди денари.

„Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита“, соопшти министерството.

За капитални инвестиции се предвидени околу 46 милијарди денари, што е за 14,5 отсто повеќе од првично планираниот Буџет за 2026 година. Во исто време, се намалуваат расходите за стоки и за услуги.

 

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top