Македонија

Повеќемина повикани во полиција за дезинформациите за водата во Скопје

Шефот на дипломатијата Муцунски го обвини СДСМ за ширење масовна хистерија и паника преку лажни информации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во гостување на ТВ Сител вечерва информира дека повеќе лица се повикани на разговор во полициска станица за ширење лажни информации дека во водата за пиење во Скопје е присутна бактеријата ешерихија коли.

„Како што сум информиран, Министерството за внатрешни работи има повикано повеќе лица на информативен разговор и, според мене, мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате ваков тип информации и да ширите масовна хистерија и паника кај граѓаните. И според мене, ова е дело на најголемата опозициска партија во државата, којашто една година создава хистерија – ќе нема плати и пензии, ќе има мигранти, надворешната политика не функционира, а денеска дознавме дека бактериолошки е загадена водата во главниот град?!“, изјави Муцунски.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top