Македонија

Повеќе од 20 пожари на отворен простор

Од нив се уште најголем предизвик е пожарот на планината Готен која се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Радовиш, Берово и Василево

До 14 часто денеска во земјава се регистрирани повеќе од 20 пожари на отворен простор. Од нив се уште најголем предизвик е пожарот на планината Готен која се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Радовиш, Берово и Василево каде од рано утрото се упатени седум „пинц гауери“, две градежни машини за правење противпожарни пресеки, четири специјализирани возила на ЈП „Национални шуми“ и четири противпожарни возила, а дејствуваат два ер трактора. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, на терен се повеќе од 180 луѓе од различни единици.

Според Ангелов, рано наутро беше подметнат пожар на планината Плачковица на тежок и стрмен терен кој и покрај максималните напори за гаснење на штипските пожарникари и локалното население од блиските села, не е под контрола и постепено се шири. Таму, на лице место, се наоѓаат повеќе противпожарни сили од Штип, преку 20 лица од ЈП „Национални шуми“ и доброволци од околните села.

Тежок пожар, оценува директорот на ДЗС, е и оној кај селото Дрен, на територија на општина Прилеп каде се ангажирани локални пожарникари со специјализирани возила за гаснење шумски пожари

-На пожарот на територијата на Македонски Брод кај селата Грешница и Црешнево кој исто така трае со денови, ангажирани се едно специјално возило „пинц гауер“ од ДЗС и 30 припадници на Армијата, а покрај нив на лице место се наоѓаат и локални сили од пожарникарите и екипи на ЈП „Национални шуми“, вели Ангелов преку видео изјавата испратена до медиумите.

За пожарот на територијата на општина Штип, над селата Селци и Драгоево, се ангажирани два „пинц гауера“ на Дирекцијата и повеќе противпожарни возила, 15 пожарникари, најмалку осум лица од ЈП „Национални шуми“, 12 лица од локалното население, но и други дополнителни сили се вклучени во гаснењето.

Тешки пожари, информира Ангелов, има на територијата на Турција и Грција, а пожари беснеат и во соседството, во Албанија, Србија, Хрватска и Словенија.

-Активирањето на ЕУ механизмот нема да даде резултати зашто буквално сите држави кои ни помагаа минатите години на своите територии имаат сериозни пожари поради што се спречени да пратат помош во околните земји или кога би праќале помош, би пратиле таму каде што е потребна многу повеќе, а тоа засега е Турција, потенцира Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top