Македонија

Повеќе од екран: Магијата на “S Pen“ пенкалото и практични гестови

Пенкалото е помоќно (и попаметно) од кога било до сега – од AI алатки до креативни трикови

Вашиот “Galaxy“ уред не е само паметен телефон. Тој е вашето креативно студио, личен асистент и дигитален трезор, сè во едно. Во овој серијал од шест дела, ги откриваме карактеристиките што тивко го прават секојдневниот живот попаметен, поедноставен и позабавен. Од целосна персонализација и автоматизација, до алатки за фотографирање и приватност на професионално ниво, секој “Galaxy“ уред е создаден да ги надмине очекувањата. А со до шест години ажурирања на оперативниот систем за серијата “Galaxy A“ и до седум години за сериите “Galaxy S“ и “Z“, вашиот “Galaxy“ продолжува да се развива долго откако прв пат ќе го вклучите.

Како што рекол поетот, перото е помоќно и од мечот, а кога станува збор за “S Pen“ пенкалото на “Galaxy S25 Ultra“ или “Galaxy Tab S11“, тоа дефинитивно е и попаметно.“S Pen“ пенкалото, достапно за овие модели, нуди многу повеќе од обично пишување. Може да служи како далечински управувач за презентации, бленда на камерата па дури и личен преведувач благодарение на функциите со вештачка интелигенција.

Користете го за резимирање или за да преглед на текст, или за функцијата „Заокружи за Пребарување“ (Circle to Search) кога сакате инстант одговори без пишување. А пак при уредување на фотографии, “S Pen“ овозможува прецизно да го заокружите и отстраните она што не сакате да го има на фотографијата, без да се мачите со прстите.

 

Во комбинација со апликацијата “PenUp“, подеднакво ги поттикнува креативноста и фокусот. Станува збор за креативна платформа дизајнирана да ги оживее вашите идеи со помош на “S Pen“ пенкалото. Нуди разновидни алатки за цртање, скицирање и создавање дигитална уметност, што го прави совршен избор за уметници, за оние кои водат белешки и за секој што сака да ја изрази својата креативност.

Совршена комбинација: “Galaxy S25 Ultra“ и “Tab S11“ го извлекуваат целосниот потенцијал од “S Pen“ пенкалото, претворајќи го ракописот во белешки, цртежите во уметност, а идеите во реализација.

 

Сѐ уште немате “Samsung Galaxy“ уред или пак поседувате постар модел? “Samsung“ ве повикува да ја преземете апликацијата “Try Galaxy“ и да ги испробате најновите функции на “Galaxy“ уредите директно од екранот на вашиот телефон.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

ВМРО ДПМНЕ: Им го честитаме резултатот на СДС во Брвеница! Им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело!

„Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се!“ – им порачува со иронија ВМРО ДПМНЕ на политичките ривали на „Бихаќка“ во Скопје.

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да […]

To top