Македонија

Повторното судење на Жан Митрев открива дека обвинителството крши уставно начело (ВИДЕО РЕКОНСТРУКЦИЈА)

ЕКМО методата за која зборува сведокот на обвинителството Андријана Стојановска е идентична метода како хемофилтрацијата

Повторното судење на Жан Митрев кое на површина извади низа правни, обвинителски и етички аномалии  открива дека обвинителството гонело селективно за извршена хемофилтрација.

 

Судењето се повторува откако обвинителство се соочи со огромен број на свои сведоци кои сведочеа контра тезите на обвинителката Искра Хаџи Василева по што две судии поротнички се повлекоа од него.

 

Сведок на обвинителството на прашање на адвокатот на одбраната Никола Додевски открива дека иако хемофилтрацијата или идентични методи на лекување се користеле и биле плаќани во повеќе клиники обвинителство го гони само Жан Митрев и неговата клиника.

 

Предходно на судењето беше утврдено дека хемофилтрација била вршена и на приватни клиники но и на државната кардиологија. За никоја друга клиника обвинителството не покренало обвинение.

 

Врз основа на записи од повторното судење expres.mk направи видео реконструкција на судењето кое што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното судење а се темели на изјавата на сведок на обвинителство.

 

На прашање на бранителот: Дали методата ЕКМО ја плативте или не? Ова е директно со нашето обвинение поврзано нели.

На прашање на бранителот: Дали таму плативте за оваа метода?

Сведокот одговори: Да

 

ЕКМО методата за која зборува сведокот на обвинителството Андријана Стојановска е идентична метода како хемофилтрацијата.

Таа според сведочењето се применувала на друга клиника и е наплатувана исто како што е наплатувана хемофилтрација во Клиниката Жан Митрев. Но, овој сведок сведочи само против Жан Митрев.

Со тоа се отвора проблем со почитување на уставниот принцип на недискриминација во ситуација кога методата ја правеле повеќе клиники а  обвинителство го гони само Жан Митрев.

 

Во текот на повторното судење и анализа на исказите дадени од сведоците на обвинителството се појасно станува дека се работи за обвинителски прогон на Жан Митрев кој имал за цел не спроведување на законот туку бизнис притисок кој требало да доведе до нови газди на Клиниката Жан Митрев.

 

Видео реконструкцијата од ова важно сведочење на сведок на обвинителството кое укажува на дискриминација  во продолжение

 

 

Други текстови за Жан Митрев на линкот

 

https://arhiva.expres.mk/?s=%D0%96%D0%B0%D0%BD+%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

To top