Македонија

Пожар на 10 метри од детска градинка, двајца полицајци повредени

Двајца полицајци се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради вдишување на јаглерод моноксид додека го гаснеле пожарот што избувна денеска попладне во близина на новоизградената детска градинка, сместена во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Бутел.

Двајца полицајци се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради вдишување на јаглерод моноксид додека го гаснеле пожарот што избувна денеска попладне во близина на новоизградената детска градинка, сместена во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Бутел.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, преку социјалните мрежи изрази благодарност до полицајците Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски од полициската станица во Бутел, кои храбро учествувале во гаснењето на пожарот, кој тој го опиша како исклучително опасен.

Секоја чест момци. Ќе се потрудам овој чин да биде забележан од страна на општината со наградување на сите кои учествуваа во гасењето на овој високо заканувачки пожар“, напиша Костовски во својата објава.

Покрај пофалбата до полицајците градоначаникот на општина Бутел нагласи и дека станува збор за подметнат пожар од крајно неразумни луѓе.

Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top