Македонија

Пожар во Визбегово предизвика црн чад над Скопје (ВИДЕО)

Огнот се проширил во текот на денот

Густ црн чад денеска го покри дел од главниот град, откако во Визбегово избувнал голем пожар. Според неофицијални информации, се гори ѓубре на локацијата.

Пожарот, според сознанијата, започнал уште вчера, но значително се проширил во текот на денот, поради што густ црн чад е видлив од повеќе делови на Скопје.

Неофицијално, пожарот е во близина на плацеви на повеќе компании. Засега нема официјални информации од надлежните институции за точната причина на пожарот, како и за евентуалните последици врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Се очекуваат детали од Центарот за управување со кризи, противпожарната бригада и другите надлежни служби за состојбата на теренот.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top