Македонија

Пожарникари биле попречувани од група луѓе во гаснење на пожарот кај скопскот аквадукт

При гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место

Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.

– Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето -рече Ангелов. 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top