Македонија

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Македонија активно работи на спроведувањето на Стратегијата 2024-2028 за реформа на правосудството

Македонија активно работи на спроведувањето на Стратегијата 2024-2028 за реформа на правосудството, се вели во најновиот извештај на Европската комисија посветен на Владеењето на правото.

Во извештајот се нотирани, очекувано проблемите во судството, коишто ја отежнуваат реформата, а меѓу предизвиците е посоченo доцнењето со судските постапки, особено за случаите со висока корупција.

„И покрај неодамнешните напори за истрага и гонење на корупцијата, доцнењето на судските постапки, ретките правосилни пресуди и ограничените ресурси и понатаму ги попречуваат резултатите во предметите за висока корупција. Државната комисија за спречување на корупцијата презеде чекори за враќање на довербата на јавноста во институцијата, додека Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси моментално се ревидира„, пишува во извештајот.

Во извештајот е посочено дека Собранието усвоило нови измени на Законот за Советот на јавни обвинители со цел да се зајакне автономијата на обвинителската служба, но истакнато е и дека потребни ќе бидат и дополнителни измени во законското решеније. ЕК констатира и дека Собранието усвоило и нов Закон за Судскиот совет со цел негово усогласување со европските стандарди.

Во делот на извештајот што се однесува на слободата на медиумите, констатирани се притисоци од поединсци врз новинари.

„Новинарите се соочуваат со притисоци од политички актери, зголемено онлајн насилство и закани преку тужби од типот SLAPP, додека нивните работни услови не се подобрени“, се вели во извештајот.

Во извештајот нотирани се и предизвиците во однос на финансиската и кадровската состојба на Канцеларијата на Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Позитивни се оценките за Уставниот суд, за кој пишува дека работи во подобрени капацитетите за заштита на уставноста и законитоста.

Владата продолжува со напорите за зајакнување на соработката со организациите на граѓанското општество, се заклучува во извештајот.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top