Македонија

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа.

– Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „голф“, констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршил јавен обвинител во содејтво со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот бил нормализиран во 17:00 часот.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top