Македонија

Пред 34 години Бугарија прва ја призна Македонија, денес ја блокира за ЕУ

Од пријателски, па дури и покровителски однос, се стигна до вето и максимално заладување меѓу Софија и Скопје

На 15 јануари 1992 година Бугарија стана првата држава во светот што официјално ја призна независноста на Република Македонија, за 34 години подоцна да го блокира и уценува нејзиното зачленување во Европската унија.

Тогашната влада на Филип Димитров го призна правото на самоопределување и сувереност на својот југозападен сосед, кој реши да се „раздружи“ со Социјалистичка Федеративна Република Југославија со референдумот од 8 септември 1991 година.

Софија ја призна државата, но не зазеде официјален став по прашањето за постоењето на посебна македонска нација и јазик – тема што останува чувствителна и контроверзна во билатералните односи до ден-денес.

Од пријателски однос, напати и покровителски кон „помалиот брат“, како што некои бугарски политичари ја нарекуваа Македонија, посебно во годините на ембаргото од Грција, кога нафтата место со воз од Солун доаѓаше со камионски цистерни од рафинеријата во Бургас, па до помошта со тенкови и муниција во воената 2001 година, се стигна до максимално заладување на односите со бугарското вето за ЕУ.

Од почетната позиција на незаземање официјален став за македонскиот национален идентитет во времето на претседателот Жељу Желев, кој лично се заложи за признавање на Македонија од Русија како прва членка на Советот за безбедност на Обединетите нации што го стори тоа, се дојде до отворено негирање на посебноста на Македонците и на македонскиот јазик од официјална Софија.

Врв на условувањето на почетокот на преговорите за ЕУ е ултимативното барање за впишување Бугари во македонскиот Устав, со истовремено бегање и од минимум реципроцитет во однос на Македонците во Бугарија, и покрај десетината одлуки на Европскиот суд за човекови права во нивна полза.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ацо Ристов предлогот за наследник на Марко Бислимоски за прв човек на РКЕ

Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој на последните локални избори не се бореше за уште еден мандат, денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата како предлог за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Петрушевски: Каде е ССМ таму е СДС, меѓу овие две организации веќе нема разлика

Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов. Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Арачиновецот С.С. како „претставник на фирма за мебел“ зел капар 550 евра од жена од Тетовско, па „испарил“!

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице, кое се претставило како претставник на фирма за мебел. Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема укажувања за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат, ако се појават опасности. Мисајловски го изјави ова во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top