Македонија

Предистражна постапка на ОЈО Куманово по скандирањата на кошаркарскиот натпревар Македонија-Романија

Основното јавно обвинителство од Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица. „Основното јавно обвинителство Куманово постапува и […]

Основното јавно обвинителство од Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.

„Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата, кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија.“ – соопшти ова обвинителство. 

Како што информираат од обвинителството, издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на вмешаните лица. Настанот се случил на 2 август во спортската сала во Куманово, кога двете репрезентации одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027. Натпреварот, во кој македонската селекција беше поразена со 72:80, го означи и повторното отворање на реконструираната спортска сала во Куманово.


Осуда за непримерното скандирање на поединци на кошаркарскиот натпревар изразија политичките партии од власта и од опозицијата, од Општина Куманово и од раководството на Македонската кошаркарска федерација.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top