Македонија

Преку „Фејсбук“ повикувал убиство на сограѓанин од Кочани

Доби кривична пријава од полицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 36-годишниот Б.Ј. од Кочани, под сомнение дека извршил „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.

Во пријавата се вели дека на 18 ноември околу 22:48 часот, осомничениот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кои промовирал и поттикнувал насилство кон Д.Ј. од Кочани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top