Македонија

Премиерот Мицкоски на увид во градежните активности на новиот повеќенаменски центар во Општина Аеродром

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во 12 часот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на новиот повеќенаменски центар, кој се наоѓа во непосредна близина на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром.

По реконструкцијата и целосното уредување Општина Аеродром конечно ќе го го добие првиот повеќенаменски центар, каде што аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кинопроекции, повеќемедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани.

Повеќенаменскиот центар се наоѓа во непосредна близина на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место, со кое ќе се збогати културниот и општествениот живот на жителите. Станува збор целосна реконструкција и целосно простор од околу 1500 квадратни метри. Општина Аеродром се пријави со овој проект на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата. Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно облагороден.

Покрај главна сала – гледалиште, ќе има и фоаје и едукативни простори-работилници. Ќе биде изграден и лифт, со што ќе се реши пристапноста до содржините на повеќенаменскиот центар за сите категории граѓани. Гледалиштето во главната сала ќе има повеќе од 240 места за седење и дополнителен ред, приспособен за лица со посебни потреби во колички.

Општина Аеродром ќе го добие својот прв повеќенаменски центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и туризам. Овој проект е од големо значење, затоа што аеродромци за првпат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top